Лугано и Цеље го приредија спектаклот на сезоната во Конференциската лига (ВИДЕО)

Екипата на Цеље го оствари најголемиот успех во историјата на словенечкиот клупски фудбал откако вечерва обезбеди пласман во четвртфинале од едно натпреварување на УЕФА.

На гостувањето кај Лугано, Цеље загуби со 4-5, но победникот беше одлучен на пенали бидејќи на првиот меч на домашен терен, словенечкиот тим славеше со 1-0. Натпреварот слободно може да се прогласи за спектакл на сезоната во Конференциската лига бидејќи покрај тоа што беа постигнати девет гола, изобилуваше со пресврти.

Лугано водеше со 3-1 по првото полувреме и 4-2 до петтата минута од судиското продолжение на вториот дел кога Хајдари направи пенал и му овозможи на Куцис од пенал да намали на 4-3 и со тоа да се избори за нови 30 минути. Во нив Нието израмни на 4-4 и се чинеше дека Цеље ја заврши работата за во 118. минута возбудувањата да доживеат кулминација по голот на Думбиа за 5-4.

Сепак, во пенал-серијата домашните фудбалери не се снајдоа, тројца од нив промашија и Цеље со 3-1 се пласира во четвртфиналето од Конференциската лига.