
Олимпија Милано без Димитријевиќ ја победи Звезда во Белград
Тоа е и трет пораз по ред за Звезда и петти во низа на домашен терен од Олимпија Милано кој од 2021 година се претвори во вистински кошмар за Црвена Звезда кога се игра во Белград. Домаќините беа доминантни на почетокот од мечот кога загреан беше Немања Недовиќ кој ги постигна првите осум поени на својот тим.
Италијанците го презедоа водството на стартот на вториот квартал, а перманентно имаа предност почнувајќи од третата четвртина. Во неколку наврати имаа +6, но Звезда се врати во игра и се избори за драматичен финиш. Во пенал завршницата, сепак Олимпија Милано беше подобра и си замина со исклучително важна победа од Белград. Во гостинскиот тим го немаше Ненад Димитријевиќ кој поради повреда на лактот не се најде во составот.
Олимпија Милано сега има идентичен биланс како Звезда (16/13) и подобар биланс во меѓусебните дуели па ако вака завршат двете екипи, италијанскиот првак ќе има предност. Во следното коло Звезда гостува кај Олимпијакос, а Олимпија Милано кај Париз.