Николов и Шишковски не успеаја, Борац елиминиран

Шампионот на БиХ, Борац Бања Лука е елиминиран од Конференциската лига откако вечерва загуби на гостувањето кај Рапид со 1-2 по продолженија.

По 90 минути игра, резултатот беше 1-1, исто како на првиот меч, одигран минатата недела во Бања Лука. Огринец ги доведе гостите во водство во 66., а Бељо израмни во 70. минута. Бидејќи до крајот немаше нов гол, наттпреварот отиде во продолженија, а во 96. минута Шауб го постигна клучниот гол за австрискиот претставник.

Овој пораз значеше и елиминација за македонските репрезентативци Бобан Николов и Дамјан Шишковски. Голманот остана на клупа, а Николов влезе во игра во 74. минута и го одигра останатиот дел од мечот.