Дино Славиќ беше херојот, Охрид преку драма со Загреб закажа македонско финале!
Натпреварот се решаваше во последните моменти, Карачиќ имаше можност да го реши дуелот, но на минута пред крајот неговиот удар го запре голманот Дино Славиќ. Ивановиќ во следниот напад не реализираше, меѓутоа одново Славиќ се истакна со нова одбрана, а тогаш Ѓукиќ не пропушти да стрела за конечните 30-30.
За напад на Загреб преостанаа само шест секунди и тоа не беше доволно за гол за победа.
Во финалето Охрид ќе игра против Вардар кој претходно денеска од дуелот во групата „А“ исто така во еден неизвесен натпревар беше подобар од Тимо Требње со кој ќе игра Загреб за третото место.
Охрид ќе има можност во финалето да стане и првата екипа која го одбранила трофејот на овој турнир.