„Бомба“ од НБА: Клеј Томпсон има нов клуб!

Клеј Томпсон ја заврши епизодата во Далас маверикс и кариерата ќе ја продолжи во Мајами откако двете страни постигнаа договор за раскин на соработката.

Како што пренесува НБА инсајдерот, Шемс Чарнија, петкратниот Ол-стар играч ќе потпише за Мајами. Хит уште во текот на летото покажуваше голем интерес за искусниот шутер и беше меѓу главните кандидати за неговиот ангажман доколку стане слободен играч.

Далас официјално потврди дека е постигнат договор за „бај-аут“ со 36-годишниот бек, со што заврши неговата двегодишна авантура во Тексас. Мајами претходно се обидуваше да најде начин да го доведе Томпсон и додека тој беше под договор со Маверикс. Во игра беше и можноста за трејд, но и опцијата да се почека Далас да ја прекине соработката со искусниот кошаркар.

Томпсон пристигна во Далас во 2024 година, кога потпиша тригодишен договор вреден 50 милиони долари. Во следната сезона требаше да заработи околу 17,5 милиони долари, но наместо тоа ќе ја промени средината и ќе го облече дресот на Хит.

Минатата сезона просечно постигнуваше 11,7 поени, 2,1 скок и 1,4 асистенции за 21,7 минути на паркетот. За три поени шутираше со 38,3 проценти.

Фото: Dallas Mavericks