Марсеј фуриозно почна во Франција, му даде четири гола на Стразбур (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен во второто полувреме кога домаќинот ги постигна сите четири погодоци. Резултатот го отвори Гоури во 46-тата минута, а истиот фудбалер се запиша во листата на стрелци и во 68-та минута.
Марсеј и по двата погодоци продолжи да биде подобриот тим на теренот, Стразбур во вториот дел не успеа да упати ниту еден удар во рамките од голот.
Преостанатите два гола домашниот состав ги постигна во завршницата кога стрелаа Абдалах и Хојберг.
Фото: Olympique de Marseille