Манчестер јунајтед го договори најголемото засилување ова лето

Maнчестер јунајтед и дефинитивно го договори најголемото засилување досега во преодниот рок, Карлос Балеба пристигнува на „Олд Трафорд“.

Балеба во гигантот од „Олд Трафорд“ пристигнува во трансфер вреден 76 милиони евра како фиксна отшета и уште 5.8 милиони преку бонуси со што вредноста може да достигне над 81 милион евра.

За Балеба ова ќе биде најголемиот предизвик во кариерата, пред Брајтон каде што пристигна во 2023 година Камерунецот беше дел од Лил кој беше негов прв клуб во Европа.

 

Фото: Carlos Baleba/Instagram