Официјално: Олмо и Пау Виктор се слободни фудбалери!
Олмо во првиот дел од сезоната беше регистриран на местото на Кристенсен кој беше повреден, но во вториот дел Данецот се враќа во тимот, а Барселона не пронајде дополнителен приход за да има место за регистрациите на Олмо и Виктор.
Ситуацијата со Олмо и Пау Виктор ја потврди Ла Лига.
„Барселона не претстави никаква алтернатива што би дозволила регистрација во согласност со прописите за економска контрола на Ла Лига“, објавија од Ла Лига.
Добра вест за Барселона е што Олмо иако има можност како слободен фудбалер да премине во друг клуб, негова желба е каталонскиот гигант и веројатно ќе почека одреден период Барселона да ја реши ситуацијата. Сепак, ако Барселона за брзо не пронајде решение тогаш Олмо би бил принуден да бара алтернатива.