Фонсека доби отказ во Милан, но и - извинување од Ибрахимовиќ!

Златан Ибрахимовиќ во фудбалот важи за арогантна личност и некој кој ретко се извинува или признава дека погрешил, но сега одлучи да му се извини Пауло Фонсека кој неодамна доби отказ во Милан.

Милан одлучи да го отпушти Фонсека по ремито против Рома (1-1), а на негово место гигантот од Милано веќе го промовираше Сержо Консеисао.

„Консеисао пристигна, но пред да започнеме со него сакам и да му се заблагодарам на Фонсека за се што направи за Милан во периодот додека беше тука“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ и му се извини на Фонсека и признава дека погрешиле со тоа што го испратиле на прес-конференцијата по натпреварот со Рома.

„Го почитувам Фонсека, но тој не успеа да одржи резултатска константност, а кога си во тим како Милан тоа е најважно. Одлучивме да го отпуштиме по натпреварот и направивме грешка што го испративме на прес-конференција. Испраќам извинување до Пауло и навивачите“, изјави Ибрахимовиќ.