Кирјос изгуби во Бризбејн и порача: Барем не сум допингуван...
Французинот имаше 36 ас удари, додека Кирјос 15, а славеше по три тај брејка со резултат: 7-6 (2), 6-7 (4), 7-6 (3).
Мечот беше обележан со едно дофрлување од трибините на кое Кирјос одговори во свој стил.
„Барем не сум допингуван“, одговори Кирјос алудирајќи на допинг скандалот на Јаник Синер.
Кирјос ќе остане на турнирот во Брибејн каде што настапува во двојки и тоа со Новак Ѓоковиќ со кого славеше победа во првото коло.