„Арнолд е целосно посветен на Ливерпул, иако постои интерес од Реал“

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ги коментираше шпекулациите во медиумите дека Трент Александер-Арнолд ќе си замине од премиерлигашот.

Арнолд има договор со Ливерпул до крајот на сезоната, а медиумите веќе објавија дека Реал Мадрид испратил понуда за англискиот репрезентативец.

„Разговарам постојано со моите фудбалери. Разговарав и со Трент. Сите знаат дека има неверојатна сезона. Тој е целосно посветен на Ливерпул“, кажа Слот.

Реал Мадрид сакаше да го добие Арнолд уште во зимскиот преоден рок, меѓутоа Ливерпул не ја прифати првата понуда.