Се подготвува зимска „чистка“ во ПСЖ!

Eкипата на ПСЖ би можела да направи многу промени во зимскиот преоден рок.

Според информациите на медиумите прв на листата за заминвуање е Милан Скриниар кој не е во плановите на Луис Енрике и би можел да се пресели во Галатасарај.

Турскиот клуб сака да го доведе на позајмица со право на откуп во летниот преоден рок, а Словакот наводно изразил желба за преселба во Истанбул.

Следен на листата е Рендал Коло Муани за кого исто така нема место во Париз. Французинот има понуди од Премиер лигата и би требало да замине до крајот на месецот.

Не е баш јасна ситуацијата околу Марко Асенсио кој наводно може да се пресели во Јувентус. Тој исто така има помала минутажа иако настапи на 15 натпревари во сите натпреварување на теренот помина околу 750 минути.

Засега и не познато дали ако сите овие споменати заминат, ПСЖ ќе доведе нивни замени.