Тепачка на колеџ-фудбал во САД – судијата раскрвавен по удар со кацига (ВИДЕО)

На годишниот натпревар од колеџ лигата во американски фудбал наречен „Милитари Боул“, кој традиционално се игра на крајот од годината, се случија невидени сцени што го засенија спортскиот дух.

Дуелот помеѓу универзитетските тимови на Северна Каролина и Источна Каролина (21-26) се најде во фокусот на вниманието поради големиот хаос во последните минути. Во завршницата на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите на двата тима, во која се вклучија и резервните играчи, како и тренерите. Ситуацијата кулминираше кога еден од судиите беше погоден со кацига во лицето, предизвикувајќи му крварење.

Вкупно осум млади спортисти беа исклучени од натпреварот, што ја потенцира сериозноста на инцидентот.