Ливерпул ќе плати 80 милиони евра за наследникот на Ван Дајк
Ливерпул во јануари ќе се обиде да го договори 24-годишниот дефанзивец од Кристал Палас, Марк Гуехи, кој е расположен за преселба во поранешниот англиски и европски шампион.
Англиските медиуми пишуваат дека 24-годишниот фудбалер треба да биде наследник на Ван Дајк, кој претходно кажа дека сака да остане во Ливерпул уште неколку години.
„Црвените“ во моментов се на првото место во Премиерлигата со 45 бодови, односно осум повеќе од Нотингем Форест.