Роналдо ја исмејуваше Лига 1, а претходно му се нудел на ПСЖ!?

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата, а пред неколку дена привлече големо внимание кога кажа дека француската Лига 1 била неквалитетна, односно послаба од саудискиот шампионат каде што игра во моментов.

Роналдо на „Глоуб Сокер“ наградите во Дубаи доби награда, а потоа даде изјава која не им се допадна на многумина и доби жестоки критики од јавноста.

Интересно е тоа што Португалецот му бил понуден на ПСЖ кога заминуваше од Јувентус, меѓутоа францускиот гигант ја одбил идејата за ангажман на искусниот фудбалер.

Легендарниот Емануел Пети имаше што да каже за изјавата на Роналдо, а со него ќе се сложат голем број поддржувачи на Лионел Меси.

„Не сум изненаден од изјавата. Од 2018 година кога Роналдо замина од Реал Мадрид, тој има повеќе интервјуа отколку титули. Има мало влијание во тимот и репрезентацијата. Тој е амбасадор на ‘Глоуб Сокер’ и мислам дека не може да го прифати фактот што не е во конкуренција за ‘Златната топка’. Неговите коментари за Лига 1 се без основа и се поврзани со Меси, а тоа го знаеме сите“, кажа Пети.