Напаѓачот кој имаше тешка сообраќајна несреќа излезе од болница

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио кој имаше тешка сообраќајна несреќа денес конечно е пуштен од болница.

Како што е познато, Антонио на 7 декември доживеа страшна сообраќајна несреќа по која мораше да оди на операција на ногата. Доживеа повеќе скршенеци, а се поставуваше и прашањето дали ќе ја продолжи кариерата.

Во изминатите 20-тина дена Антонио беше во болница, а денес е пуште на домашно лекување, повеќе детали не се познати.

Антонио и Вест Хем ја замолија јавноста за приватност во тешката ситуација и споменатите информации за крај на кариерата засеган е се исклучуваат.