Најдобриот стрелец во македонското првенство на роденденска забава кај Осимен (ФОТО)

Напаѓачот на Струга Трим Лум, Ланре Кехинде беше на роденденска забава во Истанбул кај фудбалската ѕвезда Виктор Осимен.

Осимен го покани Кехинде на неговата забава, а снимките од истата покажуваат дека тие двајца очигледно се големи пријатели.

Кехинде оваа сезона има постигнато девет голови во Првата лига, а Струга се наоѓа на петтата позиција во првенството.