Ѓоковиќ го коментираше случајот на Синер: Не е добра слика за нашиот спорт
За случајот се уште нема конечен епилог и во овој момент не е познато каква казна го очекува тенисерот кој е на врвот на АТП листата.
Италијанецот беше позитивен на допинг тест, но досега не е казнет.
„Целата ситуација не е добра слика за нашиот спорт. Не сакате да гледате такви работи. Верувам дека во овие повеќе од 20 години колку што играм на турнирите ние сме еден од најчистите спортови и ќе продолжам да верувам во тоа. Ќе се обидам да го преиспитам начинот на кој системот функционира и зошто одредени тенисери немаат ист третмант.
Во случајот со Синер долго време не дрежа во „мрак“. Не е работатли земал недозволена супстанца со намера или. Верувам во чист спорт и верувам дека тенисерите ќе направат се за да играат фер. Го познавам Јаник од младите денови и не ми изгледа како некој кој би направил такво нешто. Фрустриран сум затоа што не знаевме ништо пет месеци“, изјави Ѓоковиќ.
Novak Djokovic has called for more transparency in tennis doping cases 🗣️ pic.twitter.com/xBr1E4VJWs
— Eurosport (@eurosport) December 29, 2024