Киеза може да се врати во Серија А, го следат три клуба
Во 2022 година заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото и од тој момент никако не успеа да ја врати вистинската форма.
Јувентус ова лето го продаде на Ливерпул за 12 милиони евра и тоа за многумина беше изненадување бидејќи се очекуваше Мота да му даде шанса. Ливерпул одлучи да ризикува, меѓутоа засега тој трансфер е промашување и не изгледа дека нешто може да се промени.
Киеза во дресот на гигантот од „Енфилд“ собра само 123 минути и во нив запиша една асистенција. Арне Слот и јавно зборуваше за слабата физичка подготвеност на Италијанецот.
Во таква ситуација не е исклучено да ја промени средината во јануари, а одредени меидуми пренесуваат дека интерес за него покажале Наполи, Интер и Фиорентина.