Исак игра во фантастична форма, Њукасл ја одреди цената

Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак во овој момент е веројатно напаѓачот со најдобра форма во Премиер лигата.

Швеѓанецот игра одлично во последно време и на 12 одиграни натпревари во Премиер лигата постигна 11 голови со што го привлече интересот на голем број екипи.

Минатото лето Челси се обидуаше да го доведе, а на „Сент Џејмс Парк“ се свесни дека за него интерес ќе има и ова лето, па не сакаат предолго да чекаат со нов договор, актуелниот истекува летото 2028.

Се споменуваа Арсенал и ПСЖ, како и Ливерпул кој би го довел како замена за Салах, ако Египкќанецот замине. Но, прашање е дали има некој кој би бил спремен да плати 180 милиони евра колку што бара Њукасл.

Во редовите на Њукасл Исак пристигна летото 2022 година за 75 милиони евра од шпански Реал Сосиедад и до сега постигна 42 гола на вкупно 68 натпревари во Премиер лигата.