Кирјос: Машкиот и женскиот рекет број 1 се во центарот на допинг скандал - ужасно!
Кирјос сега му се враќа на тенисот, треба да настапи на турнирот во Брисбејн, по тој повод одржа прес-конференција во Австрија.
Покрај за враќањето Кирјос зборуваше без влакно на јазикот за Јаник Синер и Ига Швјонтек, рекетите број 1 во машкиот и женскиот тенис. Двајцата паднаа на допинг тестови и поминаа без значајни казни.
„Двајцата број 1 тенисери во светот се најдоа во допинг скандал. Тоа е ужасно. Нашиот спорт поради тоа изгелда ужасно. Доведен е во прашање интегритетот на тенисот. Синер на својот стручен штаб му плаќа илијадници евра месечно и ние сега треба да веруваме дека никој од нив не знаел дека користи забранета супстанца?, вели Кирјос.
„И јас можев во текот на рехабилитацијата да користам различни супстанци за да го убрзам тој процес, но не го правев тоа. Знам дека многу не сакаат кога вака коментирам некои работи, но јас не знам поинаку отколку да бидам вака отворен и директен кон сите“.