Епилог од „бокс-мечот“ во НБА: Тепачите треба да платат над половина милион долари

Тројцата кошаркари кои беа највоинствени на синоќешниот натпревар меѓу Феникс и Далас ќе треба да платат вкупна сума од околу 523 илјади долари поради меѓусебната тепачка.

Во главна улога беа Јусуф Нуркиќ од една и Наџи Маршал и Пи Џеј Вашингтон од друга страна кои добија тешки суспензии. Нуркиќ е казнет со три меча неиграње и по 125 илјади долари по натпревар, односно вкупна сума од 375 илјади долари.

Маршал е суспендиран на четири меча и казна од 59.113 долари по натпревар, односно вкупно 232.456 долари, додека Вашингтон ќе пропушти еден натпревар и ќе плати 89.080 долари.