Крадци влегле во домот на Лука Дончиќ!
Само три дена по повредата крадци влегле во неговиот дом, потврди полицијата.
„Никој не бил дома во тоа време и за среќа Лука и неговото семејство се на сигурно“, изјави менаџерката на кошаркарот, Лара Бет Сегер.
Исто така се наведува дека Дончиќ веднаш кога забележал ја повикал полицијата. Во актуелната сезона репрезентативецот на Словенија зад своето име во просек има 28.1 поени, 8.3 склекови и 7.8 асистенции. На табелата Далас се наоѓа на четвртото место со 19 победи во 30 натпревари.