Детали од грабежот кај Дончиќ – крадците влегле од бањата и украле вреден накит!
Полицијата во Далас информираше дека крадецот влегол во куќата преку скршен прозорец од бањата, искористувајќи го времето кога немало никого дома. Според извештајот на полицијата, инцидентот се случил во периодот помеѓу 17 и 21 часот. Во моментот на кражбата, Дончиќ не бил во домот, бидејќи се опоравува од повреда што ќе го оддалечи од терените околу еден месец. Ниту членовите на неговото семејство не биле присутни во куќата.
„Среќа е што сите се безбедни. Лука пријави случајот во полиција, а истрагата е во тек“, изјави неговата соработничка Лара Бет Сигер.
Ова не е изолиран случај. Кражбите во домовите на познати спортисти во САД стануваат сè почести, што навестува дека зад ваквите инциденти можеби стојат организирани криминални групи. Во последните месеци, на мета беа и познати имиња како Патрик Махомс и Тревис Келси од НФЛ тимот Канзас Сити Чифс, како и ѕвезди од НБА, вклучувајќи го Боби Портис од Милвоки Бакс и Мајк Конли од Минесота Тимбервулвс.
Органите на редот предупредуваат дека крадците користат софистицирани методи како дронови и уреди за ометување на сигналите. Некои од случаите се поврзани со „транснационални јужноамерикански криминални групи“, според информациите на ФБИ.