Интер лесно се справи со Каљари, Лаутаро конечно погоди (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 0-3 на гостувањето во Сардинија кај екипата на Каљари.

Покрај освоените три бода навивачите на Интер од овој натпревар сигурно ги радува и голот на Лаутаро Мартинез кој така го прекина голгетерскиот пост кој го имаше од 3 ноември.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а резултатот го отвори дефанзивецот Бастони кој мајсторски реагираше по нафрлувањето на Николо Барела. Мартинез својот гол го постигна во 71 минута и тука веќе беше јасно дека „нероаѕурите“ нема да дозволат изненадување.

Конечните 0-3 ги постави Чалханоглу со гол од пенал на десетина минути пред крајот на средбата. Со овој триумф Интер се израмни со Аталанта со по 40 бода, но избраниците на Гасперини вечерва играат против Лацио кој е трет со 38 бода.