Куња вчера даде гол од корнер, а сега доби суспензија од - пет меча!

Фудбалерот на Вулверхемптон, Матуеш Куња доби суспензија од пет натпревари поради инцидент со редар по поразот од Ипсвич на 14 декември.

Куња удрил еден од редарите директно в лице, по што почнала истрага против фудбалерот на Вулверхемптон.

Бразилецот во меѓувреме можеше да игра за својот тим, па вчера стана херој против Манчестер јунајтед, откако постигна гол од корнер.