Роналдо: Не планирам да станам тренер, ќе бидам сопственик на голем клуб

Со оглед на тоа што во февруари ќе наполни 40 години, Кристијано Роналдо веќе крои планови што ќе прави откако ќе ја заврши кариерата.

Во интервју по доделувањето на наградите во Дубаи, Португалецот откри дека нема во моментов нема конкретна идеја, но знае што би сакал да прави, а што не.

„Не сум човек што може да биде тренер, никогаш нема да бидам тоа. Дури ни претседател на клуб. Би можел да бидам сопственик. Ќе видиме, се зависи од моментот и од можностите. Имам некои големи клубови на памет“, рече, меѓу другото, Роналдо.

Досега тој инвестираше во недвижности и во неколку бизниси, но не и во фудбалски клубови. Можеби тоа ќе се смени кога ќе донесе одлука за крајот на играчката кариера.