Барселона го активира „Планот Б“ за Олмо
Рокот за да се заврши таа работа е до 31 декември, а в понеделник менаџментот на клубот повторно ќе се обиде со тоа што ќе поднесе нова тужба против Ла Лига. Проблемот со Олмо е главна тема во шпанскиот фудбал и Марка денеска објави текст под наслов „Барселона го активираше 'Планот Б' за Олмо“.
„Олмо е мирен, Барселона има 'План Б', ќе има и 'План Ц', ќе има колку и да треба планови само до 31 декември се да се реши. Можно е спонзорите да помогнат со поголем влог, а можно е и клупските директори да дадат пари. Сите опции се отворени“, наведува Марка.
Дека никој во Барселона не е многу потресен од актуелната ситуација, најдобро зборува податокот дека Дани Олмо во моментов се наоѓа во Милвоки каде го гледаше и мечот меѓу Бакс и Нетс.