ФФМ го смени „вечниот“ Канатларовски!

На денешата Седница на Управниот одбор на ФФМ донесена е одлука за смена на селекторот на репрезентацијата до 21 година Драги Канатларовски.

На местото на на Канатларовски доаѓа Горан Станиќ кој е актуелен предводник на Работнички.

Исто така е и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години - пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17)  и 2019 година (МКД до 19). На Европското првенство - ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.

Селекторот на У21 репрезентацијата Канатларовски беше од јуни 2021 година кога дојде на местото на сегашниот селектор на „А“ репрезентацијата Благоја Милевски.

Покрај Канатларовски ФФМ ги разреш ии селекторите на генерациите до 19 години (Вујадин Станојковиќ), до 17 години (Раде Каранфиловски), до 16 години (Драган Начевски и до 15 години (Исени Иљами).

Единствен кој ја задржа функцијата во младинските категории беше селекторот на генерацијата до 18 години Ерхан Селими.