Чалханоглу откри: Баерн сакаше да ме доведе

Фудбалерот од редовите на Интер Хакан Чалханоглу откри дека изминатото лето имал понуда од Баерн Минхен, но истата ја одбил затоа што негова желба е да се пензионира во Интер.

Во Бундеслигата Чалханолгу играше за Хамбуургер и Баер Леверкузен пред да се пресели во Италија кае што прво беше дел од Милан, а потоа направи трансфер во градскиот ривал на „росонерите“.

Сега турскиот репрезентативец откри дека во последното лето Баерн се обидувал да го доведе.

„Баерн сакаше да ме доведе изминатото лето. Разговарав со мојот агент и му кажав дека моја желба е само Интер. Го сакам овој клуб и сакам да се пензионирам тука“, изјави Чалханоглу.