Заре Марковски се раздели со Пистоја за помалку од два месеци!
Пистоја објави дека на обострана согласност е прекината соработката со македонскиот тренер, Заре Марковски.
Италијанската екипа се наоѓа во серија од шест порази по ред, па тоа беше главната причина за заминувањето на Македонецот.
Нов тренер на Пистоја ќе биде словенечкиот стратег Гашпер Окорн кој во исто време ќе биде и селектор на Унгарија.