Македонија остана без Атанасов за натпреварот со Швајцарија
Фудбалерот од средниот ред доби жолт картон на вчерашниот натпревар против Шкотска, со што ја заработи втората јавна опомена во тековното издание на натпреварувањето.
Претходно Атанасов беше санкциониран и на средбата со Словенија, па поради акумулирани картони ќе мора да ја одработи суспензијата на следниот меч.
Тоа значи дека Атанасов нема да биде во составот за гостувањето во Швајцарија за три дена што е последен натпревар во овој прозорец