Кошмарна година за Сабаленка - елиминирана во Пекинг, титула нема од март
Бартункова, која се наоѓа на 34. место на ВТА-листата, одигра одличен меч и за еден час и 35 минути стигна до една од најголемите победи во кариерата. Чешката тенисерка беше особено сигурна во клучните моменти и ги искористи проблемите на Сабаленка.
Белорусинката имаше пет брејк-топки во првиот сет, но не успеа да реализира ниту една. Бартункова го направи единствениот брејк во сетот и поведе со 1-0. Во вториот сет чешката тенисерка продолжи со одличната игра, направи рана предност и без поголеми проблеми го одржа водството до самиот крај. Сабаленка не успеа да најде одговор, а Бартункова ја искористи првиот меч-топка за големата победа.
Со поразот на Сабаленка, Пекинг во само нешто повеќе од 12 часа остана без првите две носителки. Претходно, првата носителка Елена Рибакина беше елиминирана од Алина Чараева во второто коло. За Сабаленка ова е ново разочарување во Пекинг, каде што никогаш не успеала да стигне подалеку од четвртфиналето.
Освен тоа, ова е потврда за лошата сезона на белоруската тенисерка која стигна до голем број финалиња, но ВТА титула нема од март кога триумфираше на Мастерсот во Мајами и ќе ја заврши сезоната без Гренд слем титула.