Ливерпул го искористи киксот на Челси и повторно има убедлива предност (ВИДЕО)

Иако прв прими гол, Ливерпул го совлада Лестер со 3-1 и со тоа го искористи кискот на Челси кој денеска загуби од Фулам на домашен терен.

Сега „црвените“ имаат седум бода повеќе од лондонскиот клуб со натпревар помалку и јасно е дека годината ќе ја заврши со убавара предност. Работите денеска се одвиваа како што многу пати се случуваа во текот на оваа сезона.

Лестер поведе по само шест минути игра преку Ајев, а можеби клучниот момент се случи пред истекот на првото полувреме. Ливерпул долго време напаѓаше, но не можеше да го најде патот кон мрежата на противникот, се до судиското продолжение кога Мекалистер му асистираше на Гакпо, а Холанѓанецот во вистински момент донесе израмнување.

Кога веќе го скрши мразот, во вториот дел преку Џонс и Салах, Ливерпул го комплетира пресвртот и дојде до 13. победа во сезоната. Лестер го претрпе третиот пораз во низа и падна на 18. позиција на табелата, па во последните 20 кола ќе се бори за опстанок во елитата.