Шок на Енфилд: Ливерпул пак прв прими гол (ВИДЕО)

Трет пат на последните четири натпревари од Премиер лигата, мрежата на Ливерпул прва се тресе.

Вечерва „црвените“ се домаќини на Лестер, а гостинските фудбалери го отворија резултатот уште во шестата минута. Стрелец на голот за водство на лестер беше Ајев, на асистенција на Мавдиди.

Претходно Ливерпул прв прими гол и во дуелите со Њукасл и Фулам, а поведе единствено на мечот против Тотенхем што се играше во текот на минатиот викенд.