Аморим во одбрана на голманот: Онана не е виновен
Синоќа неговиот тим го доживеа четвртиот пораз во последните пет кола од Премиер лигата. „Ѓаволите“ загубија на гости кај Вулверхемптон со 0-2, а еден од најмаркантните моменти на мечот беше голот на Куња директно од корнер. Сите навивачи на Јунајтед за поразот го обвинија голманот Андре Онана, па Аморим мораше да застане во негова одбрана.
„Мислам дека Онана не е виновен бидејќи не можеше да оди на топка, имаше противнички играч пред него и зад него. Повторно прекин го промени текот на натпреварот и ни ја отежна работата“, изјави Аморим.
Дел од вината треба да се бара и во Бруно Фернандес кој доби црвен картон на почетокот од второто полувреме, а по неговото излегување Јунајтед ги прими двата гола.