По седум децении, Реал го менува името на стадионот
Во иднина, место „Сантијаго Бернабе“, тој ќе се вика само „Бернабе“, а официјалната промена најверојатно ќе следува во првите денови од 2025 година. Тоа ќе биде прва промена на името на стадионот на Реал по точно седум децении, а вкупно трета во историјата. Кога бил отворен во 1947 година, тој се викал „Стадион Реал Мадрид“, во 1955 години го сменил името во „Сантијаго Бернабе“ по поранешниот играч и претседател на клубот кој бил најзаслужен за изградбата на објектот.
Стадионот „Бернабе“ во меѓувреме стана еден од најпрестижните во светот, а пред пет години беше реконструиран и капацитетот му беше зголемен на 78.297 места.