Деко работи да ја „украде“ главната трансфер цел на Реал Мадрид!

Спортскиот директор на Барселона, Деко работи на зделка која нема да му се допадне на Реал Мадрид.

Барселона се вклучува во трката по Тренет Александер-Арнолд кој се чинеше дека ќе биде сигурно засилување за Реал Мадрид.

Договорот на Александер-Арнолд со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона и гласините се дека тој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, тој е главната цел на кралскиот клуб за следното лето.

Но, „Ел Национал“ пишува дека и Барселона се вклучила во трката, Деко веќе ја почнал мисијата да го донесе бекот на Камп Ноу.

Барселона е во финансиски тешка ситуација, но Александер-Арнолд ќе биде слободен играч, па Каталонците нема да треба да платат обесштетување.

Последниот збор ќе го има фудбалерот кој самиот ќе одлучи каде ќе биде неговата иднина.