Бомба во Хумска: Адем Љајиќ се враќа во Партизан!
За 33-годишниот Љајиќ тоа би било враќање во Паризан каде помина три години во академијата на црно-белите пред да го има сениорското деби за нив.
Љајиќ од Партизан премина во Манчестер јунајтед, но имаше проблем со работната дозвола, па заврши во Фиорентина. Го носеше дресот и на Рома, Интер, Торино и Бешикташ пред да се врати во Србија.
Тој веќе година ипол настапува за клубот од каде што е роден, Нови Пазар за кого одигра 44 натпревари, постигна 16 голови и имаше 11 асистенции, а неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер во Србија.