Падна договор - Ван Дајк ќе комплетира една деценија на Енфилд
Според нив, се е веќе договорено и останува само да се стави потпис. Ван Дајк ќе потпише договор до 2028 година што значи дека ќе комплетира една деценија на Енфилд имајќи предвид дека во Ливерпул дојде во 2018 од Саутемптон.
Многу веројатно по истекот на договорот, Ван Дајк ќе замине во пензија бидејќи тогаш би имал 37 години. Од своето доаѓање во Ливерпул, холандскиот репрезентативец освои вкупно осум трофеи од кои по еден во англиското првенство и Лигата на шампионите.