Евертон преживеа на „Итихад“: Халанд трагичар за Манчестер сити (ВИДЕО)

Манчестер сити ремизираше против Евертон (1-1) на домашен терен во рамки на 18. коло од англиската Премиерлига.

„Граѓаните“ одиграа доминантно прво полувреме против Евертон, каде што го диктираа темпото на игра и создаваа шанси, а до гол стигнаа во 14. минута преку Бернардо Силва.

Радоста на домаќините не траеше долго бидејќи Ндиаје во 36. минута стрелаше за 1-1 и ги врати „карамелите“ во игра за трите бодови.

Избраниците на Пеп Гвардиола се обидуваа со сите сили да постигнат и втор гол во второто полувреме, меѓутоа Евертон успешно се бранеше од нападите на „граѓаните“ за на крајот да освои бод.

Најголемата шанса за погодок за актуелниот шампион ја имаше Ерлинг Халанд, кој не реализираше пенал во 53. минута.

Манчестер сити со ова реми ја продолжи ужасната серија и сега има 28 бодови на шестата позиција, додека Евертон е на 15. место со 17 поени.