Светската анти-допинг агенција ги менува правилата поради Синер и Швјонтек
ВАДА се реши на ваков потег по скандалите со Јаник Синер и Ига Швјонтек, кои имаа позитивни тестови на допинг.
Наместо контаминиран производ, ќе се премине на извор на контаминација и ќе биде обележан како непредвидлив извор на забранета супстанција.
Дозволеното внесување на забранети супстанции ќе се намали на минимално ниво, односно ќе се постави минимум и граници кои ќе значат дека сите резултати под тоа не се позитивен допинг тест.
Овие новости значат дека тенисерите кои не учествувале во самиот допинг, туку за тоа е виновен некој од членовите на тимот, ќе може да се бранат или да бидат казнети со најмногу две години суспензија.