„Боксинг деј“ во Премиерлигата, сите слават - Англичаните играат!
На денот за подароци, англиските клубови им подаруваат фудбал на своите фанови.
Програмата почнува од 13:30 часот кога ранетиот Манчестер Сити го пречекува Евертон кој под водство на Шон Дајч игра фантастична дефанзива.
Од 16 часот има пет натпревари, во лондонски дуел Челси ќе го пречека Фулам, интересен ќе биде дуелот на Сент Џејмс Парк меѓу Њукасл и Астон Вила, Тотнем гостува кај оваа година одличниот Нотингем Форест, Јуриќ ќе го има дебито за Саутемптон против Вест Хем, а Борнмут ќе се сретне со Кристал Палас.
Манчестер јунајтед од 18:30 часот му гостува на Вулвс, а денот ќе заврши на Енфилд кога во 21 часот Ливерпул ќе го пречека Лестер.
Колото се комплетира утре кога во вечерен термин играат Брајтон - Брентфорд и Арсенал - Ипсвич.
Премиерлига „Боксинг деј“:
13:30 Манчестер Сити - Евертон
16:00 Борнмут - Кристал Палас
16:00 Челси - Фулам
16:00 Њукасл - Астон Вила
16:00 Нотингем форест - Тотнем
16:00 Саутемптон - Вест Хем
18:30 Вулвс - Манчестер јунајтед
21:00 Ливерпул - Лестер
утре
20:30 Брајтон - Брентфорд
21:15 Арсенал - Ипсвич