Пикфорд правеше урнебесни гримаси пред да му одбрани пенал на Халанд (ВИДЕО)

Евертон одигра нерешено и против актуелниот шампион Манчестер сити, а еден од најзаслужните за освоениот бод беше голманот Џордан Пикфорд.

Пикфорд му одбрани пенал на Ерлинг Халанд во второто полувреме, а пред изведувањето на ударот од белата точка правеше урнебесни гримаси.