Наследникот на Аморим во Спортинг не издржа многу, доби - отказ на Божиќ!

Доцна синоќа Жоао Переира доби отказ од тренерската позиција во Спортинг Лисабон, наследникот на Рубен Аморим не ги исполни очекувањата.

Тоа што претходно го најавија португалските медиуми, доцна синоќа се случи и официјално, Жоао Переира доби отказ од Спортинг и тоа на Божиќ.

Переира на клупата на португалскиот тим се задржа месец и половина. Го водеше тимот на осум натпревари, запиша три победи, едно реми и дури четири порази. Спортинг падна од врвот во португалската лига.

Нов тренер на Спортинг ќе биде Руи Боргес, тој ќе биде назначен во текот на денешниот ден.