Лацио во второто полувреме ја „реши“ Болоња за статус кво во топ-5 на табелата во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Лацио ја оствари четвртата победа во низа и ја продолжи битката за шампионската титула во италијанското првенство.

Лацио на домашен терен беше подобар од Болоња со 3-0 што значи дека сите екипи од првата до петтата позиција на табелата во ова коло триумфираа и ситуацијата не се смени воопшто. На чело пстана Наполи со 29 бода, а по него се четири тима со бод заостанување: Аталанта, Интер, Фиорентина и Лацио.

Се што беше важно на мечот на Олимпико се случи во второто полувреме во кое паднаа трите гола. Во 68. минута погоди Гиго, четири минути подоцна Ѕакањи се запиша во листата на стрелците, а точка стави Деле Баширу во судиското продолжение. Болоња упати само еден директен удар и ја прекина серијата од три победи во Серија А.