Полска ни направи огромна услуга – го освои Талин и нѐ остави во игра за ЕП!

Кошаркарската репрезентација на Полска дојде до првиот триумф во квалификациската група „Х“ за ЕП 2025, нанесувајќи ѝ го првиот пораз на Естонија, што значително ги зголеми шансите на Македонија да остане во игра за пласман на завршниот турнир на континентот.

Во драматичниот натпревар што се одигра вечерва во „Унибет Арената“ во Талин, Полјаците славеа со 88-86, што за нив е прв успех по три последователни порази. Овој резултат отвора простор Македонија и покрај очекуваниот тежок натпревар во Литванија вечерва, да продолжи да се бори за место на Евробаскетот.

Победата на Полска остава можност нашите кошаркари да се борат за подобар меѓусебен скор против Естонија во гостинскиот дуел, но ќе биде клучно и да се оствари триумф против Полска на домашен терен.