Раниери дебитира со пораз: Лукаку го врати Наполи на врвот (ВИДЕО)

Наполи славеше со 1-0 во дербито против Рома во 13. коло од италијанската лига, а единствениот гол на натпреварот го постигна белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.

Клаудио Раниери нема по добро да го памети дебито на кормилото на Рома затоа што неговите избраници беа очајни на гостувањето во Неапол и создадоа само шест шанси во текот на целиот натпревар.

Домаќинот го диктираше темпото на мечот и до голот за победа стигна во 54. минута кога Лукаку стрелаше за конечни 1-0.

Наполи е прв на табелата со 29 бодови, по што следат Аталанта, Интер и Фиорентина со по 28 поени.