Партизан конечно стави крај на црната серија против Црвена звезда!
Во денешната епизода од вечното дерби Партизан влезе со серија од шест последователни порази во Евролигата и осум едноподруго загубени меча од Црвена звезда.
Црвено-белите беа во подобра форма, ја имаа поддршката и од своите навивачи па се очекуваша во најмала рака неизвесен меч. Но, не беше така.
Партизан го одигра најдобриот натпревар оваа сезона, имаше тотална доминација во второто полувреме до степен да рутински го приведе мечот до крај за убедлива победа од 89-77.
Црвена звезда беше рамноправна во првото полувреме во кое подолго време имаше предност, но работите се променија пред крајот на првиот дел, оттогаш се беше во знакот на црно-белите кои на крајот славеа победа која може да им ја промени сезоната.
Џонс со 21 поен беше најефикасен во составот кај Партизан и на натпреварот, Петрушев реализираше 20 поени за Црвена звезда.