Германски кошаркар со тројка за победа буквално го расплака Кралот Џејмс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Орландо Меџик, предводени од Франц Вагнер, забележаа драматична победа над Лос Анџелес Лејкерс (119-118) во најинтересниот од ноќешните натпревари во НБА лигата.

Германскиот репрезентативец блескаше со 37 поени и 11 скока, а беше егзекутор на најмагичниот момент на вечерта постигнувајќи ја победничката тројка. На само 3,1 секунда до крајот, Вагнер погоди од далечина, носејќи големо славје за својот тим. Претходно, на 27 секунди пред крајот, „езерџиите“ имаа четири поени предност, но Германецот прво намали, а потоа ја круниса пресвртницата. Кај Лејкерс најистакнати беа Ентони Дејвис со 39 поени и девет скока, како и Леброн Џејмс со 31 поен и 10 скока. Со овој пораз, тимот од Ел-Еј падна на скор од 10 победи и 5 порази, додека Орландо има 10 победи и 7 порази.

Кошаркарите на Сан Антонио спарс, пак, ја искористија фантастичната последна четвртина и дојдо до триумф во пресметката со Јута Џез (126-118). „Џезерите“ имаа двоцифрена предност во првата четвртина, кое во првото полувреме ја надмина границата од плус 20, но „мамузите“ направија пресврт и дојдоа до осмата победа сезонава. Харисон Барнс постигна 25 поени и 10 скока за победничкиот тим, а поддршка доби од Стифон Касл со 18 поени и шест асистенции и Зек Колинс со 18 поени и пет скока. Во редовите на Јута, најдобар беше Лаури Марканен со 27 поени, додека Џон Колинс оствари „дабл-дабл“ со 18 поени и 14 скока.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот– Детроит 123-121 (п), Торонто– Минесота 110-105, С. Антонио– Јута 126-118, ЛА Лејкерс – Орландо 118-119.